Многу Македонци не знаат за што служи копчето ,,пеперутка” на машината за перење: Многумина не го ни користат, а тоа е голема грешка

Збунувачки симбол на машината за перење.

Машините за перење имаат различни функции, но многумина од нас дури и не ги користат повеќето од нив. И не само тоа, туку многумина не ни знаат за што служат.

Иконата „пеперутка“ на машината збунила еден корисник на Твитер, па таа ги замолила Твитерџиите да и’ објаснат за што служи.

„ Момци, што значи пеперутката на машината за перење? Чекам ретвит”, напиша таа и доби многу коментари, пишува магазинот City.

Помеѓу многуте хумористични одговори кои ја објаснија оваа икона на машината како „пеперутки во стомакот“, имаше и такви кои навистина ја знаат нејзината намена, а тоа е програма за перење нежни/чувствителни алишта (свила, сатен, завеси…)

Програмата „пеперутка“ не е за многу валкани работи бидејќи трае многу кратко. Служи само за омекнување со млака вода и има минимално центрифугирање.

Дали вие знаевте што значи пеперутката на машината за перење?