СИЛВИО БЕРЛУСКОНИ ОСТАНУВА ВО БОЛНИЦА – Продолжува лекувањето од леукемија, а докторите објавија каква е неговата состојба

Поранешниот премиер на Италија, Силвио Берлускони (86 г.), останува во болницата „San Rafaele“ во Милано за да продолжи со лекувањето од леукемија, и покрај пишувањата на медиумите на Апенинскиот полуостров дека докторите ќе му дозволат да се врати дома.

Силвио Берлускони беше хоспитализиран на 5. април, а во тој период помина повеќе од десет дена на интензивна нега, што укажуваше дека неговиот живот е во опасност.

Претседателот на партијата „Форца Италија“, која е дел од централно-десничарската владејачка коалиција на премиерот Џорџо Мелони, се лекуваше од пневмонија, за која се верува дека е поврзана со хронична леукемија.

Силвио Берлускони беше пуштен од интензивна нега на 16. април и оттогаш неговата состојба постојано се подобрува, но очигледно не доволно за да биде пуштен од болница.