ВИДЕО | ПРЕКУ ДЕН НАСТАВНИЧКА, НАВЕЧЕР “ДЕЛОВНА ПРИДРУЖНИЧКА“ – Скандал во училиште: Објавени експлицитни снимки, наставничката живеела двоен живот
Наставничка од Тексас, САД, добила отказ откако било откриено дека се занимава со проституција и води веб-страница за деловна придружба.
Ешли Качерсајд (38 г.) од Годли, била отпуштена од функцијата сексуална едукаторка во локално училиште поради две пресуди за проституција во 2012 и 2016 година.
Исто така, се покажало дека таа сега работела како деловна придружба и има многу експлицитна веб-страница. Законот инаку дозволува деловна придружба во смисла дека клиентите плаќаат за друштво на девојки, додека проституцијата е строго забранета.
Родителите на децата изразиле загриженост за нејзината вмешаност и Ешли Качерсајд била отпуштена, иако нема докази дека се занимавала со нелегални активности или претставувала закана за децата.
„Не гледам ниту една заедница која сака тоа да биде стандард за нивната училишна област. Можеме подобро и мораме подобро“, изјавила Мери Лу од здружението на родители.
Експлицитни фотографии и видеа на учителката, која го користи псевдонимот Лола Бри на Интернет, се наоѓаат на неколку јавни веб-страници.
Училишната област соопшти дека ги проверува сите свои вработени, но додаде дека тие не биле свесни за историјата на Ешли Качерсајд.