ВИДЕО | (ПРЕ)ТЕСЕН ФУСТАН – Бијонсе за малку ќе и ги покажеше градите на публиката: “По ова некој сигурно ќе добие отказ!“ – погледнете!

По ова, Бијонсе сигурно имала состанок со нејзиниот тим и дефинитивно се слушнале некои груби зборови“, напишал еден следбеник на пејачката, која од потенцијална несреќа со тесен фустан ја спасила снаодливоста на нејзините танчерки на настап во Хамбург, како дел од европската етапа на турнејата „Ренесанса“.

За време на високоенергетскиот настап и изведбата на нејзината песна „Break My Soul“, во светкав розов фустан со шлиц до колковите и градите, 41-годишната пејачка за малку ќе им ги покажала градите на публиката.

Во видео објавено на социјалната мрежа Тик Ток од нејзин обожавател може да се види како една од танчерките која го забележала проблемот „танцува“ пред неа. Таа ја заштитила од публиката доволно долго за Бијонсе да го намести фустанот. Брендот Les Twins, со кои Бијонсе соработува долго време, се состои од Лери и Лоран Буржоа, сестрани уметници и модели. Овие Французи се близнаци, толку слични што е тешко да се каже кој од браќата ја спасил пејачката во Хамбург.

Човеку, непречено го извлече!“, напишал еден профил на Тик Ток во коментар на својата објава, која собрала повеќе од милион допаѓања.

Фустанот од светкав материјал кој се врзува околу вратот е дизајниран од самата Бијонсе. Пред неколку дена таа објави дека почнала да работи на колекцијата пред повеќе од една година и дека целата е посветена на се што е поврзано со нејзината турнеја низ светот.