ВИДЕО | ПРЕТХОДНАТА ВЕЧЕР БЕШЕ КРИТИЧНА – Првите снимки од познатиот вулкан најавуваат катастрофа: Наредена е општа евакуација

Откако чилеанската национална служба за геологија и рударство го подигна нивото на предупредување за вулканот Виларика од жолто во портокалово во текот на целата измината ноќ, ситуацијата била на работ на катастрофа.

Во спротивно, портокаловото предупредување значи дека постои поголема веројатност да се случи ерупција во наредните денови или недели.

Поради зголемување на вулканската активност и сеизмичноста во областа, кои претставуваат ризик за заедницата, наредена е евакуација на населението кое живее во близина. Како што се зголемува можноста за ерупција, просторот за евакуација е продолжен за цели осум километри, што вклучува преселување на дваесет и пет семејства од даденото подрачје.

Снимките направени веќе во вечерните часови покажуваат дека вулканот почнал да испушта чад, а истите можете да ги погледнете ОВДЕ.