ВИДЕО | Пријатели се заглавиле во жичарницата за време на невремето: „Ова е траума за цел живот“

Загрепската полиција извести дека во средата добила повеќе од 950 пријави од граѓани поврзани со штети предизвикани од невремето во кое загинаа двајца мажи во областа на Загреб, а десетици луѓе побарале лекарска помош.

На социјалната мрежа TikTok се појави драматично видео од група луѓе кои се нашле во жичницата на Сљемен за време на невремето.

– Изгледа како траума за цел живот. Ова е дефинитивно најлошото место на кое можете да се најдете за време на бура – ​​напишале во коментарите. 

На официјалниот сајт на „Жичаре Сљеме“ предупредуваат: 

„Проверете го моменталниот налет на ветрот што влијае на работата на жичарницата. Видете ја и прогнозата за брзината на ветерот за наредните денови за да го испланирате вашето патување мудро.’

Инаку, возењето со жичарница трае околу петнаесетина минути. Висинската разлика е околу 750 метри надморска височина. Брзината е околу 20 километри на час.