ВИДЕО | ПРОДОЛЖЕН ПРИТВОРОТ ЗА УБИЈЦИТЕ НА ВАЊА ЃОРЧЕВСКА – И таткото на девојчето останува зад решетки, а еве за што е обвинет

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје им ја продолжи мерката притвор за 30 дена на петмината осомничени за случајот со двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски – случај што ја шокираше Македонија и ја обви во црно.

Предлогот за продолжување на мерката притвор се прифаќа и на: В.М., В.К., Б.В. за кои постои основано сомнение за две кривични дела Убиство од чл. 123 ст.2 т.1 и т.4 и чл. 123 ст.2 т.1 и т.7 од КЗ, и две кривични дела Грабнување од чл. 141 ст.1 и чл. 141 ст.2 вв ст. 1 од КЗ, како и А.Ѓ. осомничен за кривично дело Грабнување од чл. 141 ст.2 вв ст.1 од КЗ, сите поврзани со убиството на малолетната девојка од Скопје В.Ѓ. и велешанецот П.Ж., им се продолжува притворот за 30 дена“, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Воедно прифатен е предлогот и за продолжување на мерката притвор за нови 30 дена и за С.Д. осомничен за помагање на сторител во извршување на кривичното дело од чл. 365 ст.5 вв со ст.1 од КЗ, а поврзан со бегството на прво осомничениот Љупчо Палевски – Палчо кој се наоѓа во екстрадиционен, краткотраен затвор во Република Турција.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје.

За потсетување, првосомничениот за двојното убиство Љупчо Палевски – Палчо беше фатен во Турција откако по него беше распишана меѓународна потерница. На 29. декември минатата година му беше одредени привремен затвор во затворената казнено-поправна установа Беликсир во Турција.

Љупчо Палевски – Палчо

Во дописот од Републичкото Јавно Обвинителство Беликесир – Турција информираат дека на лицето Љупчо Палевски, кој со потерница беше уапсен за кривично дело ‘намерно убиство на дете’, согласно Законот 6706 член 14, со цел да се обезбеди екстрадиција на лицето во наведената земја (РСМ), согласно член 16 од Европската конвенција за екстрадиција на криминалци, му е одреден привремен затвор во траење од 40 дена“, наведуваат од Министерството за правда

Постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски – Палчо, како што информира Министерството за правда кон средината на месецов, ќе трае неколку месеци. 

Истрагата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски започна и во неа, покрај Љупчо Палевски – Палчо, кој е осомничен за кривичните дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“, за соизвршителство се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во притвор се и таткото на Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со останатите осомничени за движењето на неговата ќерка, и Стефан Димковски, возачот кој го возел од Србија (Белград) преку Бугарија до Турција првоосомничениот Љупчо Палевски – Палчо.

Малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, кои беа пријавени за исчезнати на 27. и 24. ноември минатата година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3. декември. 

Инаку токму на тема враќањето на Љупчо Палевски – Палчо во Македонија беше и последната анализа на емисијата „Во Центар“ од страна на сопственикот на веб-порталот www.vocnetar.com, Васко Ефотв, во која беа анализирани сите најнови случувања, но и беа открини нови, досега непознати информации за јавноста кои можете да ги погледнете во емисијата.