ВИДЕО | ПРОТЕЧЕ СТРАШНА СНИМКА ОД ФРОНТОТ ВО УКРАИНА – Војници принудуваат затвореник да помине низ минско поле: “Ако успееш, слободен си!“
На Интернет објавено е вознемирувачко видео од бруталното погубување на воен заробеник во Украина.
На видеото, наводно, се гледаат војници на една од завојуваните страни како ги принудуваат заробените противници под закана со оружје да влезат на минско поле.
„Ако поминеш низ полето, слободен си“, се слуша како му викаат на затвореникот кој шета низ минското поле.
На еден од војниците не му се допаднал начинот на кој еден од затворениците поминувал низ минското поле, па во еден момент пукал во него.
На крајот од видеото се гледа експлозија во правец на затвореникот.
Руските медиуми тврдат дека на снимката се гледа како припадници на вооружените сили на Украина испраќаат руски затвореници на минско поле. Сепак, врз основа на видеото, тоа не е можно со сигурност да се потврди. Засега ниту една страна не даде официјална изјава во врска со видеото, а снимката можете да ја погледнете ОВДЕ.
Засега не е познато каде е направена видео-снимката.
Од почетокот на војната, на социјалните мрежи постојано се појавуваат видеа од ужасни мачења на затвореници во кои учествувале членови на двете завојувани страни.