ВИДЕО | ПУКАЊЕ ВО СТРОГИОТ ЦЕНТАР НА ПРАГА – Масакар во Чешка, полицијата потврди: “Има многу мртви…“

Полицијата во Чешка информира дека имало пукање на Универзитетот во центарот на Прага и дека има и мртви и ранети, јави BBC. Од полицијата додаваат, како што пренесуваат чешките медиуми – дека може да има многу жртви.

Чешките медиуми јавуваат дека немил настан се случил на Факултетот за ликовни уметности во строгиот центар на Прага.

Ги испративме сите расположливи сили по дојавата за пукањето. За жал, бројот на жртвите е голем“, изјавила портпаролката на полицијата, Јана Поштова, која не сакала да шпекулира за бројот на жртвите. 

Професор од Факултетот за ликовни уметности го контактирал чешкиот веб-портал Blesk и потврдил дека студентите и вработените добиле мејл да се забарикадираат односно засолнат.

Така направивме, се забарикадиравме на вториот кат. Мислам дека пукањето беше на четврти кат“, изјавил тој.

На социјалните мрежи исто така се појавија драматични снимки од местото на настанот.

Дополнително, нешто пред 16:00 часот полицијата соопшти дека напаѓачот е „елиминиран“.

Целата зграда во моментов се евакуира, а на лице место има неколку загинати и десетици повредени“, соопштија од полицијата која најави повеќе детали во текот на денот.