ВИДЕО | РАМЗАН КАДИРОВ ОБЈАВИ КАКВА Е НАГОВАТА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА – Чеченецот објасни зошто бил во болница: “Слава му на Семоќниот, жив сум!“
Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, ги коментираше гласините кои во изминатите два дена се проширија на Интернет за неговата тешка болест, па дури и за негова наводна смрт.
„Слава му на Семоќниот, жив сум и здрав“, напиша тој на својот профил на социјалната мрежа Телеграм.
Рамзан Кадиров објави и видео со приказна за тоа како го посетил својот болен вујко во Москва во Централната клиничка болница, а снимката можете да ја погледнете ОВДЕ.
Додаде дека не разбира зошто, дури и навистина да е болен, да се прави таков „метеж“ на Интернет поради него.
Рамзан Кадиров исто така истакна дека сега јавноста знае кои медиуми и кои лица отворено ги лажат своите читатели.