ВИДЕО | “РИМ ИМА НОВ КРАЛ!“ – Целосна еуфорија по големиот трансфер на Рома: Ромелу Лукаку го пречекаа 7.000 навивачи – погледнете

Ромелу Лукаку е новиот фудбалер на Рома. Белгискиот напаѓач во вторникот пристигна во Рим, каде на аеродромот го пречека лудило.

Ништо помалку, туку сопственикот на РомаДен Фридкин, направи хаос со приватниот авион кој го донесе Ромелу Лукаку, а дури 7.000 навивачи дојдоа да го поздрават поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и Интер.

Рим има нов крал“, пишуваат италијанските медиуми, осврнувајќи се на лудилото кое го предизвика доаѓањето на Ромелу Лукаку.

Рома го доведе Ромелу Лукаку на едногодишна позајмица од Челзи за 5,8 милиони евра, докторските прегледи беа успешно завршени, а за него тоа ќе биде седми различен клуб во кариерата.

Останува да се види како ќе помине Ромелу Лукаку во Рим, но неговото доаѓање секако предизвика еуфорија, иако на некои не им недостигаше неговиот проблематичен карактер и фактот дека тој правеше проблеми буквално во секој клуб за кој настапуваше.