ВИДЕО | РИТА ОРА СО СРПСКО ЗНАМЕ НА СЦЕНА: Косовската пејачка мислела дека знамето е унгарско

Видеото од настапот на Рита Ора со српското знаме брзо се прошири по социјалните мрежи и предизвика бројни коментари. Некои се пошегуваа со пејачката и на видеото ја „потпишаа“ како Ристана Ориќ.

Рита Ора, славната пејачка од албанско потекло родена во Косово, за време на настапот на фестивалот СЗИН во Унгарија на сцената се нагрна со српско знаме што и го дал еден од обожавателите и предизвика бурни реакции во јавноста. Пејачката која во 2015 година беше прогласена за почесен амбасадор на Косово, подоцна изјави дека не го препознала знамето на Србија мислејќи дека е тоа знаме на Унгарија.

За време на настапот некој од публиката и го дал знамето, а пејачката потоа се завитка во него, го вееше на сцена и продолжи да пее. Видеото од настапот на Рита Ора со српското знаме брзо се прошири по социјалните мрежи и предизвика бројни коментари. Некои се пошегуваа со пејачката и на видеото ја „потпишаа“ како Ристана Ориќ.

Додека Албанците во коментарите на социјалните мрежи и велат дека е „предавник“ и дека „треба да и се забрани влез во Косово“, Рита тврди дека е „горда Албанка“ и дека всушност, не знаела какво знаме вее на сцената. Пејачката видела дека тоа е знамето на Србија дури кога се симнала од сцената.

-За време на настапот на фестивалот СЗИН во Унгарија, еден обожавател ми подаде знаме. Поради силната светлина што одеше директно во моите очи, не можев јасно да видам чие знаме држам. Кога се симнав од сцената, видов дека тоа е српско знаме, а не унгарско знаме. Иако ги ценам сите мои обожаватели од сите земји и култури, сакам да кажам дека сум горда Албанка од Косово и никогаш не ми беше намерата да не го почитувам моето наследство или да го вознемирувам мојот народ или семејство – изјави Рита Ора по настапот што ја разбранува јавноста.