ВИДЕО | Роботот стигна на дното од Атланскиот Океан! Американската крајбрежна стража ја објави веста што ја чека целиот свет – еве што се случува со исчезнатата подморница!

Американската крајбрежна стража на социјалната мрежа Твитер објави дека роботска подморница (ROV) управувана од далечина го „допрела дното“ на Атлантскиот Океан.

Станува збор за далечински управувана роботска подморница (ROV) која беше испратена од канадскиот брод „Horizon Arctic“, еден од бродовите вклучени во потрагата во океанот, да ја бара исчезнатата подморница „Titan“.

Канадскиот брод ‘Horizon Arctic‘ испрати ROV кој стигна до морското дно и ја започна потрагата по исчезнатата подморница“, објави американската крајбрежна стража.

Крајбрежната стража задолжена за североисточниот дел на САД соопшти дека – „француски брод исто така го ставил својот ROV во вода“.

Лансирање роботска подморница со далечински управувач во водата
Атлански Океан

Покрај овие две роботски подморници со далечинско управување на пат кон делот на Атлантикот каде што се претпоставува дека се наоѓа мала подморница со пет лица, тргна и авион кој ја превезуваше роботската подморница на далечински управувач „Julieta“, која го скенираше потонатиот брод Титаник.

Потрагата по „Titan“ се уште трае и покрај тоа што експертите проценуваат дека резервите на кислород што ги имала подморницата 96 часа пресушиле нешто по 13 часот по македонско време.

Оваа мала подморница го испрати својот последен сигнал до матичнот-брод, еден час и 45 минути по нуркањето.

Во подморницата се вклучени британскиот милијардер Хамиш Хардинг, пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот 19-годишен син Сулејман, францускиот истражувач Пол-Анри Наргело и Стоктон Раш, извршен директор на OceanGate Expedition, компанијата што ја организираше оваа турнеја.