ВИДЕО | Рома постигна гол за победа во 90. минута, Жозе Мурињо ‘плачеше’ и доби црвен картон

Голот на Стефан Ел Шарави во 90. минута и обезбеди победа на Рома со 1:0 над Монца на стадионот „Олимпико“ во 9. коло од Серија А.

Рома многу тешко ја постигна третата последователна победа во Серија А, иако Монца играше без исклучениот (црвен картон) Данило Д’Амбрози од 41. минута.

Голманот Микеле Ди Грегорио двапати ги спаси гостите во мат ситуации во првото полувреме, а Рома двапати ја погоди стативата во вториот дел пред конечно да го постигне победничкиот гол.

Голот емотивно го погоди Жозе Мурињо. Црвен картон доби тренерот на Рома во судиското надополнување, а причината за тоа можете да ја погледнете ТУКА.

Рома се искачи на шестото место со 14 бодови и ја прескокна Монца, која остана на 12 бода и падна на 11. место во поредокот.