ВИДЕО | РУСИЈА ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА – Украина го нападна полуостровот Крим со моќни дронови – населението итно евакуирано

Во областа Красногварде на северот на Крим, напад со беспилотно летало предизвика детонација во складиште за муниција“, потврди денес во објава на својот профил на социјалната мрежа Телеграм началникот на регионот, Сергеј Аксјонов.

Според првичните податоци, нема штети или жртви“, стои во објавата на началникот.

Сергеј Аксјонов додал дека оние кои живеат на пет километри од местото каде што е прогласена вонредната состојба ќе бидат евакуирани во центри за привремено сместување.

Тамошните медиуми наведуваат и дека сообраќајот на кримската пруга исто така бил прекинат од безбедносни причини.

Според првиот човек на полуостровот Крим, властите во регионот очекуваат дека за кратко време ќе бидат отстранети последиците од вонредната состојба.

Сите оперативни информации ќе бидат објавени на веб-страницата на Министерството за транспорт на Република Крим и други официјални ресурси“, нагласил тој.

Сергеј Аксјонов вели дека вооружените сили на Украина направиле обид со беспилотни летала да ги нападнат инфраструктурните објекти на областа Красногварде.

Според информациите, сите специјализирани служби, вработени во Министерството за вонредни состојби работат на лице место за отстранување на можните последици.

Крим редовно е мета на напад од беспилотни летала, а силите за воздушна одбрана соборија дрон во централниот дел на полуостровот во четвртокот попладне.