ВИДЕО | Рускиот министер за одбрана го прашаа дали ќе победи, погледнете ја неговата реакција

Новинар на руската државна телевизија „Русија 1“ вчера го праша министерот за одбрана Сергеј Шојгу дали ќе ја добие војната со Украина. Шојгу реагираше на интересен начин. Прво ги рашири рацете, па рече: „Немаме друг избор“.

Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, објави делумно видео на Ксу, порано Твитер. Тој објави видео на кое не се гледа одговорот на Шојгу, туку само раширувањето на рацете на новинарското прашање. Видеото веднаш се прошири на социјалните мрежи.