ЕВЕ КОЈ ГО ИМА НАЈСКАПИОТ ФУДБАЛСКИ ТИМ ВО СВЕТОТ – Манчестер Сити не е ниту на првите две места !?

Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед го има најскапиот тим во светот вреден 1,15 милијарди евра, објави Меѓународниот центар за спортски студии (CIES).

Според најновото истражување на CIES, „Црвените ѓаволи“ потрошиле дури 1,15 милијарди евра за составување на сегашниот тим.

За напаѓачи се потрошени 411 милиони евра, за дефанзивци 383 милиони, за играчи од средниот ред 296 милиони, а за голмани 61 милион.

Откако Холанѓанецот Ерик тен Хаг е на чело на Манчестер Јунајтед, повеќе од 400 милиони евра се потрошени за засилувања.

Во ТОП 10 најскапи тимови, дури осум доаѓаат од елитната класа на англискиот фудбал.

На второ место е Челзи, кој потроши 1,13 милијарди евра за изградба на сегашниот тим, додека на третото место е Манчестер Сити, кој потроши вкупно 1,04 милијарди евра за изградба на сегашниот тим.

Четврти е ПСЖ, кој потроши милијарда евра на фудбалери, а петти е Арсенал, чиј тим е „тежок“ со 836 милиони евра.

Саудиски Ал-Хилал е првиот неевропски клуб на листата на 100 најскапи екипи. Се наоѓа на 18. место, а за градење на тимот се потрошени 382 милиони евра.

Меѓу 100-те најскапи екипи нема македонски претставници, а на последното место се Бешикташ и Штутгарт кои потрошиле по 54 милиони евра за составување на актуелниот тим.

НАЈСКАПИ ТИМОВИ:

1. Манчестер Јунајтед – 1,15 милијарди евра

2. Челзи – 1,13 милијарди евра

3. Манчестер Сити – 1,04 милијарди евра

4. ПСЖ – 1,0 милијарди евра

5. Арсенал – 836 милиони евра

6. Тотенхем – 829 милиони евра

7. Ливерпул – 770 милиони евра

8. Реал Мадрид – 708 милиони евра

9. Њукасл – 661 милиони евра

10. Вест Хем – 505 милиони евра

11. Астон Вила – 486 милиони евра

12. Баерн Минхен – 481 милиони евра

13. Јувентус – 473 милиони евра

14. Евертон – 418 милиони евра

15. РБ Лајпциг – 399 милиони евра

16. Наполи – 392 милиони евра

17. Атлетико Мадрид – 387 милиони евра

18. Ал Хилал – 382 милиони евра

19. Барселона – 375 милиони евра

20. Нотингем Форест – 365 милиони евра