ВИДЕО | Сакаше да испадне џенталмен но наместо тоа доби ‘студен туш’! Виктор Орбан тргна да ја бакне претседателката на Молдавија, а погледнете што направи таа

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, во четвртокот минатата недела учествуваше на самитот на Европската политичка заедница во Молдавија, а на социјалните мрежи сега се прошири видео-снимка на која се гледа како тој доживеал непријатност од претседателката на Молдавија.

Маја Санду го прими Виктор Орбан во замокот „Мими“, а кога се сретнаа унгарскиот премиер сакал да и ја бакне раката. Но, таа го одбила, а на видеото кое се прошири на социјалните мрежи се гледа дека Виктор Орбан во тој момент бил прилично збунет и не знаел како да постапи.

Не е познато зошто Маја Санду решила да го одбие бакнежот на Виктор Орбан, но можно е да се работи за нивните политички разлики, најмногу за војната во Украина и Владимир Путин.