ВИДЕО | Самохран татко се облекол како женско и дошол на училиште за да го прославил Денот на мајката со својата ќерка

На ТИКТОК се прошири видео од училиште во Тајланд и предизвика многу позитивни реакции.

Имено, тамошното средно училиште Бан Ноен Крои организираше настан за учениците и нивните мајки по повод одбележувањето на Денот на мајката кој во Тајланд се слави на 12 август. 

Но, многумина беа трогнати до солзи од приказната за посвоеното девојче Крем, чиј посвоител носел здолниште и перика за да учествува на прославата. 48-годишниот Џо Лоукфонбоди, исто така, предава физичко и здравствено образование во истото училиште во кое учи неговата ќерка, а за локалните медиуми изјави дека не сака неговото дете да се чувствува помалку вредно.

@joey_kp

“แม่” ฉันก็เป็นให้แกได้555

♬ เป็นทุกอย่าง – Room 39

„Кога училиштето организира активност за Денот на мајката, не сакам ќерка ми да мисли дека е помалку вредна. Не се срамам, го сакам своето дете. Можам да и бидам и мајка“, рече тој. 

На видеото кое стана вирално на социјалните мрежи, може да се види како мало девојче го гушка својот татко со огромна насмевка на лицето. “Ти благодарам тато. Ти благодарам што ме воспита. Ништо не ми недостасува во животот”, изјавила Крем.

„Мора да се гордееш што имаш таков татко“, „Убава си. Ти го заслужуваш најдоброто во животот“, „Се е можно. Најдобриот татко на светот“, „Прекрасно. Срцето ми е полно“, напишаа луѓето во коментарите под видеото.