ВИДЕО | СЕЗОНАТА ЗА НЕЈМАР Е ЗАВРШЕНА – Страшна повреда на славниот Бразилец: Фудбалерот изнесен на носилки и со солзи во очите

Бразилската суперѕвезда Нејмар заработи тешка повреда на натпреварот против Уругвај во квалификациите за Светското првенство.

На еден дуел Нејмар незгодно скокна и во истиот момент падна на тревата и се фати за глава. Од неговите гестови се гледа дека се работи за тешка повреда и дека нема да може да го продолжи натпреварот. Расплаканиот Бразилец беше изнесен од теренот на носилки, а тој момент можете да го погледнете ОВДЕ.

Според првите информации, фудбалерот на Ал Хилал заработил тешка повреда на вкрстените лигаменти на левото колено и менискусот и најверојатно ќе биде опериран и го чека долго закрепнување.

Доколку се покаже дека навистина се оштетени лигаментите, Бразилецот ќе отсуствува од шест до девет месеци, што значи дека сезоната за него е завршена и ќе ја пропушти Копа Америка.

Инаку, Уругвај го доби овој натпревар со резултат 2:0.