ВИДЕО | Сенатскиот лидер Меконел повторно се вкочани за време на разговор со новинари

Мич Меконел, лидер на малцинството во американскоит Сенат повторо имаше проблеми со вкочанетост за време на разговор со новинари во Кентаки. 

Ова му се случува вторпат по слична ситуација во јули. На прашање од новинар синоќа дали планира да оди на повторен избор, тој запре со говорот и гледаше во една точка повеќе од 30 секунди. 

Републиканецот од Кентаки „замрзна“ пред камерите на прес-конференција на Капитол Хил при крајот на јули, кога замолчи и се вкочани 19 секунди пред да биде одведен од новинарите. Кратко по тоа Меконел (81) се врати и им кажа на новинарите „добро сум“. 

На настанот синоќа, помошник му пријде и го праша „дали го слушнавте прашањето, сенаторе“, тој продолжи да молчи. Потоа, одговори кратко на прашање за јавниот обвинител на Кентаки, иако помошникот мораше да го повтори прашањето – се остави впечаток дека Меконол не слуша добро. Беше прашан и за поранешниот претседател Доналд Трамп, но тој отфрли да одговари бидејќи вообичаено одбива да разговара на тема за Трамп. 

Меконел имаше неколку падови во изминатиот период и при еден скрши ребро, па беше отсутен од Конгресот. Како мал, тој боледувал од полио, затоа одот му е несигурен. Според експертите, однесувањето на Меконел има знаци на деменција. 

– Тоа се случува кога пациентот запира да ги прима лековите против деменција. Тогаш епизодите на „замрзнување“ се почести, изјави Санџи Гупта, коментатор на Си-ен-ен и лекар. 

Иако Меконел се соочува со очигледни здравствени проблеми, републиканците не коментираат за негова можна оставка. Стив Дејнс, сенатор од Монтана, републиканец, изјави дека зборувал со Меконел и дека „лидерот звучи добро и се чувствува добро“