ВИДЕО | СЕНЗАЦИЈА НА “ОЛИМПИКО“ – Погледнете го фантастичниот гол на Рафаел Леао за големата победа на Милан во драматичното дерби со Рома

Фудбалерите на Милан ја продолжија перфектната серија на стартот од новата сезона во италијанската Серија А, а во 3. коло на гостински терен ја совладаа ја Рома со конечен резлутат од 2:1.

Милан поведе на „Олимпико“ во 20. минута кога францускиот напаѓач Жиру беше прецизен при изведувањето на пеналот.

ГОЛОТ НА ЖИРУ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА.

Почетокот на вториот дел беше кобен за Рома бидејќи Милан во 48. минута зголеми на 2:0. Одличен гол постигна Рафаел Леао кој со противникот на грб, речиси легнат, од полуволеј ја извлече топката и погоди за 2:0.

ГОЛОТ НА РАФАЕЛ ЛЕАО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА.

Римјаните добија надеж во 61. минута кога играчот на МиланТомори, доби втор жолт картон и потоа почнаа домашните напади.

Во игра влезе и Ромелу Лукаку, летното засилување од Рома, кој дебитираше за својот нов клуб. Сепак, до крајот Рома успеа само да го намали резултатот, во 92. минута Спинацола ја погоди мрежата на Милан за конечните 2:1.

ГОЛОТ НА СПИНАЦОЛА ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА.

Милан така по три кола има максимални девет бода, додека Рома е без победа и ова им беше втор пораз во новата сезона.

Саботниот распоред ги носи натпреварите: БолоњаКаљари, Удинезе Фросиноне, АталантаМонца и НаполиЛацио, додека во недела се среќаваат: ИнтерФиорентина, ТориноЏенова, ЕмполиЈувентус и Лече Салернитана.