ВИДЕО | Сергеј Шојгу откри уште колку долго ќе трае војната во Украина: “Зацртаните цели ќе ги постигнеме до…“

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, изјави дека војната во Украина ќе трае најмалку до 2025 година.

Специјалната воена операција ќе трае најмалку до 2025 година. Со доследно спроведување мерки и планови за активности до 2025 година ќе ги постигнеме зацртаните цели“, вели Сергеј Шојгу.

Видео-снимка од говорот на рускиот министер за одбрана на социјалните мрежи објави Антон Герашченко, советник во Министерството за внатрешни работи на Украина, а истата можете да ја погледнете ОВДЕ.

Какви цели си поставија ? Руската Армија целосно ќе се распадне ? Ќе има ли негативна офанзива сè до Москва ? Сè што е можно ќе биде украдено од рускиот буџет до 2025 година ?“, напиша Антон Герашченко во објава на социјалната мрежа Х (Твитер).

Војната во Украина започна на 24. февруари 2022 година, кога руските трупи со тенкови влегоа во Украина. Украинските сили спречија брза руска победа на почетокот на 2022 година, а конфликтот, кој Москва го нарекува „специјална воена операција“, се претвори во рововска битка на истокот и југот од земјата. Со тоа што претседателите на двете земји не покажуваат знаци на повлекување.