БиХ: За време на средба во Претседателството, истакнат транспарент „ЕУ и Фон дер Лајен соучесници во геноцидот во Газа“

– Транспарент „ЕУ и Фон дер Лајен соучесници во геноцидот во Газа“ е поставен денес наспроти зградата на Претседателството на Босна и Херцеговина.

Претседателката на Европската комисија (ЕК) денеска престојува во посета на БиХ, што ја започна со средба со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина.

Додека состанокот беше во тек, група граѓани на Сараево одлучија да испратат порака со истакнување транспарент спроти зградата на Претседателството на БиХ.

„ЕУ и Фон дер Лајен се соучесници во геноцидот во Газа“, „Прекин на огнот веднаш“, пишуваше на транспарентите на англиски јазик.