„Чекаме петок!” Хезболах објави видео со мистериозна порака – Ќе има ли ескалација на конфликтот? (ВИДЕО)

Либанското движење Хезболах објави кратко видео со порака „Го чекаме петок“, во кое го најавува говорот на лидерот на оваа организација Саид Хасан Насрала. Насралах треба да одржи телевизиски говор во петок, 3 ноември, на комеморативна церемонија за „мачениците кои паднаа на патот кон Ал Кудс“. Обраќањето, исто така, веројатно ќе ја сигнализира политичката стратегија што Хезболах ќе ја спроведува во иднина.

Постои шанса Насралах да прогласи ескалација на борбите на границата со Израел за да се обиде да ги повлече израелските сили на север. Хезболах во последните недели води гранична војна со Израел, во која досега загинаа 47 борци на Хезболах и седум израелски војници.

Тековната погранична војна на Хезболах е дел од регионалната стратегија за симболични напади против Израел, поддржани од Иран, што може да предизвикаат масовна одмазда што може да го турне регионот во општа војна.