ВИДЕО | Серена Вилијамс го откри полот на второто дете! Славната тенисерка приредила огромна забава и го поканила целото семејство – погледнете
Познатата тенисерка Серена Вилијамс и нејзиниот сопруг Алексис Оханијан приредија прослава на која беше откриен полот на нивното второ дете. На социјалната платформа Јутјуб е објавено видео од тој настан.
Познатата спортистка пред овогодинешната Мет Гала во мај во Њујорк откри дека повторно е бремена, а сопругот и приреди изненадување на оваа прослава.
На прославата присуствувала и нивната 5-годишна ќерка Олимпија Оханијан. Серена Вилијамс мислела дека ќе го открие полот на бебето со помош на торта чија внатрешност би требало да биде или сина или розова. Алексис Оханијан малку се пошегувал и нарача жолта торта. Познатата тенисерка му ја фрлила торта на сопругот кога ја видела, а потоа со помош на дронови било откриено дека парот чека ќерка.
На прославата присуствувале и сестрата на Серена, Венус Вилијамс и нивниот татко Ричард Вилијамс, кој во минатото беше предмет на бројни контроверзии дали ги малтретирал своите ќерки додека ги учел тенис или не.