МАНЕКЕНКА (27) ИГНОРИРАЛА ГОЛЕМА БОЛКА, ПОТОА ДОБИЛА СТРАШНА ДИЈАГНОЗА: Сега предупредува на првите чудните симптоми бидејќи едвај преживеала!

На млада манекенка и е дијагностициран рак на панкреасот по неколку месеци игнорирање на невообичаените симптоми. Тира Чампа имала само 27 години кога почнала да чувствува стомачни болки кои постепено се влошувале, пренесува The Sun.

Наместо да оди на лекар, таа упорно ја игнорирала болката, сметајќи ја за нешто минливо и безопасно.

– Се чувствував како да ме удриле во грб – открила манекенката на која со биопсија во февруари и бил дијагностициран рак на панкреасот. Овој тип на рак е осми најчест тип на рак во Австралија и има најниска стапка на преживување од кој било друг рак во земјата. Податоците покажуваат дека повеќе од половина од пациентите умираат во рок од три месеци од дијагнозата.

Затоа по дијагнозата на Тира почнала да пишува проштални писма до своите најблиски бидејќи го очекувала најлошото.

– Останав силна во текот на целиот процес само поради моите најблиски – додала девојката која решила да ја сподели својата приказна за да ги предупреди другите никогаш да не ги игнорираат болките во стомакот, колку и да им изгледаат безопасни.

Тира Чампа

Откако била подложена на исцрпувачка операција од седум часа за отстранување на туморот, лекарите и рекле дека би умрела доколку повеќе ги игнорирала симптомите. За да го отстранат туморот, лекарите биле принудени да и отстранат поголем дел од панкреасот.