ДРАКОНСКА КАЗНА ЗА ЛЕВСКИ ПОРАДИ НЕМИРИТЕ ВО СКОПЈЕ! Бугарите ги молат навивачите за мир на реваншот против Шкупи во Софија бидејќи клубот ќе нема пари за да ги плати казните!

Дисциплинската комисија на УЕФА го казни фудбалскиот клуб Левски од Софија со 40.000 евра за дискриминаторско поведение, вклучувајќи и скандирање на етничка основа и политичски пароли, како и нереди на трибината за гостински навивачи.

Освен това, Левски доби и забрана за продажба на билети на своите обожаватели за следното гостување на клубот во европските купови, а ако има прекршок на следнниот домашен натпревар на клубот, тоа е против Шкупи од Скопје, стадионот „Георги Аспарухов“ ќе биде делумно затворен.

Сините“ од Софија се обратија до своите навивачи пред реваншот в четврток, и побараа од нив да нема агресија, насилство, расизам, дискриминација, ксенофобија и политички скандирања, бидејќи клубот нема да може да ги плати евентуалните дополнителни тешки казни од УЕФА.