(ВИДЕО) Се појавија нови снимки од силниот земјотрес во Таџикистан

На социјалните мрежи се појавија нови видеа од силниот земјотрес кој денеска го погоди Таџикистан. 

Земјотрес со јачина од околу 7,2 степени утрово го погоди Таџикистан. Потресот е регистриран на длабочина од 10 километри, а епицентарот бил на околу 82 километри од најблиската граница со Кина. Земјотресот го почувствувале во Кашгар и Артукс во западниот дел на регионот Ксинџијанг. Денеска земјотрес со јачина од 5.6 степени ја стресе Салта во Аргентина.  Турција и Сирија со денови се стресат.