(Видео) Се судрил камион со пиротехнички средства, пожарникарите еден час го гледале огнометот

Минатата недела се случи сообраќајна несреќа на автопат источно од Ванкувер кога камион со полуприколка се судри со пикап натоварен со пиротехнички средства на лентата за застанување на патот.

Од судирот се активирале пиротехнички средства и започнала верижна реакција, а возачите и жителите од околината имаа можност да видат целосно непланиран огномет на патот таа вечер, а снимката ги преплави социјалните мрежи. 

Лајтното шоу траеше еден час, а го следеа пожарникарите кои мораа да чекаат целосно да изгори огнометот за да можат да пристапат на местото на несреќата и да ги исчистат остатоците. Во судирот еден од возачите со полесни повреди завршил во болница.