ВИДЕО | Сите плакаа поради судбината на ова мало момче од филмот “Titanic“ – Еве како изгледа сега, 25 години по снимањето на филмот и што прави денес

Рик Томпсон, сега директор за дигитален маркетинг во Јута, САД, ја играше улогата на ирски патник од трета класа во безвременскиот хит на Џејмс Камерон – „Titanic“ од 1998 година кога тој имал само пет години.

Титаник
Рик Томпсон

Тој се појави во трагична и незаборавна сцена каде што бродот се полни со вода додека ликот на Рик Томпсон, неговата сестра и мајка се гледаат како лежат во својата кабина и чекаат да умрат откако не успеваат да добијат место во еден од чамците за спасување.

Во филмот тој тогаш кажа само една реченица, а истата предизвика солзи на очите на многумина од гледачите: „Што ќе правиме мамо ?“, на што тој доби одговор: „Само ќе чекаме, драги. Кога ќе завршат со ставање на првокласните луѓе во чамците, тие ќе одат по нас, а ние ќе треба да бидеме подготвени, нели ?“.

Зборувајќи за неговата улога во интервју за Network 10, тој кажал: „Да, сè уште добивам плата за улогата во филмот“ и додал: „Но, јас не ја ажурирав мојата адреса неколку години, искрено од последното интервју за ова. Така да не сум ги видел чековите неколку години. Само претпоставувам дека сè уште доаѓаат“.

Тој признал дека неговото семејство се уште се забавува со фактот дека глумел во хит-филмот „Titanic“.

Мојата сопруга и јас најмногу се шегуваме со коментарите. Тие се главно интересни за читање, но, да, се чувствувам како да е остварен одамна мојот сон“, заклучил тој.