ВИДЕО | Скандалозна снимка ги ‘запали’ социјалните мрежи во регионот – српски познат рапер среде настап удира девојка по лицето и главата, публиката во шок – погледнете!

Раперите Драгомир Деспиќ и Лука Бијеловиќ од Србија, кои ги користат уметничките имиња  Десингерица и Пљугица, на пошироката јавност во регионот и се познати како момци со неверојатна енергија, чии настапи може да се споредат со поранешните настапи на панк бендовите. Едноставно, за разлика од панкерите, овие момци не знаат што да прават со парите и популарноста, а за време на настапите се однесуваат лудо и безобразно.

Популарното дуо неодамна одржа настап на црногорското приморје, а набрзо на Интернет се прошири скандалозно видео на кое Драгомир Деспиќ со патика удира по главата на непозната девојка од публиката.

Еден од дуото, го „подарил“ микрофонот на една обожавателка од публиката која пеела во еден момент од настапот, а Драгомир Деспиќ потоа ја соблекол патика и со неа ја треснал девојката по главата и лицето.

За кратко време видеото стана вирално на социјалната мрежа Тик Ток, а корисниците ја коментираа шокантната сцена. Видеото можете да го погледнете ОВДЕ.

Може ли да биде полошо од ова“, „Дали е ова нормално, уште колку вакви луѓе не рекламираат во светот“, „Оставете ги овие будали, кој и онака ги слуша“, ова се само дел од коментарите оставени под објавеното видео.