Трагедија во Хрватска: Млад човек загина кога со 230 на час удри во патарина

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа во средата наутро кога со автомобил удрил во наплатна рампа кај Запрешиќ на автопатот А2, извести загрепската полиција.

Неофицијално се дознава дека се работи за 21-годишен млад човек, кој со брзина од 230 км/ч удрил во бетонска барикада. На местото на несреќата нема траги од кочење. Полициската истрага е завршена, јавува ХРТ.

Несреќата се случила околу 5.40 часот на автопатот А2 во правец кон Запрешиќ.