ВИДЕО | СКАНДАЛОЗНО – Погледнете како омилената водителка на Александар Вучиќ зборува за големиот масакар во Белград: “Коста немал среќа бидејќи не гледал Задруга…“

Српската контроверзна водителка Јована Јеремиќ уште еднаш го привлече вниманието на јавноста со своите „популарни“ изјави. Овој пат таа го кажа своето мислење за поврзаноста на ријалити програмата со масовното убиство што го изврши 13-годишниот Коста К. во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“. Малолетникот, да потсетиме, уби осум соученици и еден чувар, а рани уште седум лица, од кои некои се во критична состојба.

Тврдам и стојам зад тоа со моето име и презиме, дека ова дете за жал воопшто не гледало телевизија. За среќа, да ја гледал ‘Задруга‘, ќе видел дека на првиот знак на насилство, нашиот голем шеф дејствува жестоко и ги казнува насилниците, а некои кандидати беа дисквалификувани“, изјавила „омилената“ водителка на Александар Вучиќ.

Истите тврдења таа ги кажа ден претходно во друга српска емисија бидејќи смета дека е многу важно да се заштити ријалити програмата од дополнителни судови и предрасуди.