ВИДЕО | СКАНДАЛ ВО СЛОВАЧКА – Брутална тепачка помеѓу поранешниот премиер и поранешниот министер за надворечни работи: Си размениле неколку тупаници, а полицијата потоа ги разделила, погледнете!

Поранешниот премиер на Словачка, Игор Матовиќ, и поранешниот министер за внатрешни работи, Роберт Калинак, се степаа во средата откако Игор Матовиќ упадна на настан организиран од партијата СМЕР-ССД како дел од неговата кампања во Братислава.

Полицијата спречи натамошна ескалација на конфликтот, бидејќи поранешниот премиер и поранешниот министер се скарале, а биле упатени и удари.

Се се случило пред зградата на Владата, каде поранешниот премиер Игор Матовиќ, од партијата Олано, ја прекинал прес-конференцијата на Роберт Калиник. За потсетување, расправиите меѓу двете партии траат со години.

Во 2021 година, Игор Матовиќ мораше да ја напушти премиерската функција поради несогласувања во водечката коалиција. Тогаш власта ја презеде партијата на Роберт Калиник, чија коалиција исто така се распадна и беа распишани нови избори.

Погледнете го видеото од инцидентот ОВДЕ.

Поранешниот премиер го гледа Роберт Калиник за свој главен противник и го обвинува за корупција, пренесува The StarИгор Матовиќ на прес-конференцијата пристигнал со автомобил на кој бил испишан слоганот – „нема да те предадеме на мафијата“. Тој извика на мегафон и го обвини Роберт Калиник за лоша имиграциска политика за време на неговиот министерски мандат.

Роберт Калиник потоа се доближил до автомобилот околу кој се собрале неколку луѓе и тропнал на прозорецот на Игор Матовиќ, а потоа ја отворил вратата. Тој се обидел да му го грабне мегафонот, а Роберт Калиник се обидел да го оттурне. Ситуацијата ескалирала и друг член на партијата на Роберт Калиник го удрил Игор Матовиќ со тупаница во главата. Полицијата потоа интервенирала и спречила понатамошен конфликт и отворила истрага за инцидентот, јави словачката медиумска агенција TASR.