Таа е единствената жена која Путин ја покажа: Бракот траеше 30 години, а ова е љубовницата за која велат дека тајно ги раѓа неговите деца

И додека Путин владее со Русија како Премиер или Претседател повеќе од 20 години, многу малку се знае за неговиот приватен живот. Познато е дека во 1983 година се оженил со Људмила Путин, поранешна стјуардеса, а се запознале во Петроград.

Во бракот добија две ќерки, Марија во 1985 година, а Катарина следната година. Семејството живеело во Источна Германија. Девојчињата одеа во германско училиште во Москва сè додека Путин не беше назначен за Премиер во 1999 година, а руските медиуми никогаш не објавија нивни фотографии или семеен портрет.

Владимир Путин, Људмила Путин

Путин само еднаш ги спомна своите ќерки во јавноста

Тој рече дека тие не се дел од светот на бизнисот или политиката и одби да каже каде работат.

,,Тие ги прават првите чекори во кариерата, но добро напредуваат. Не се занимаваат со бизнис или политика. Никогаш не биле деца кои се гордеат со мојата слава, тие се приземни, никогаш не правеле работи за светлата на сцената да бидат насочени кон нив. Тие едноставно го живеат својот живот“, рече Путин пред седум години.

Тие живеат во Русија. Тие никогаш не оделе на училиште или на колеџ никаде надвор од Русија.

„Горд сум на нив, завршија добри универзитети и работат. Моите ќерки течно зборуваат три европски јазици“, додаде Путин, нагласувајќи дека од безбедносни причини не може да открие други детали за нив.

Људмила Путин

Веќе во 2008 година руските медиуми пишуваа дека тој се развел од Људмила и се свршил со руската гимнастичарка и златна олимписка медалистка Алина Кабаева, која е 31 година помлада од него. Тој демантираше, а медиумите кои ја објавија веста набрзо беа затворени. Путин и Људмила продолжија да се појавуваат заедно во јавноста, а неговата врска со Алина остана предмет на шпекулации. Тој официјално раскина со Људмила во 2013 година, а разводот беше официјално финализиран следната година.

Откако се откажа од гимнастиката, Алина стана пратеник во партијата на Путин, Единствена Русија. Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во 2013 година тврдеше дека Путин и Алина се венчале. На Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година, тие беа видени како носат бурми, а Алина го носеше факелот на церемонијата на отворање. Путин редовно ја негираше нивната врска.

Владимир Путин, Алина Кабаева

Во 2015 година, поранешната гимнастичарка наводно ја родила нивната ќерка во Швајцарија, а во 2019 година наводно ги родила нивните синови близнаци во Москва, но тоа никогаш не е потврдено. Единствено познато е дека рускиот претседател има две внуци кои се родени во 2012 и 2017 година.

„Имам приватен живот во кој не дозволувам мешање. Тоа мора да се почитува“, рече еднаш Путин.