ВИДЕО | СМРТ ВО ДИРЕКТЕН ПРЕНОС НА ТИК ТОК – Човек во инвалидска количка се снимал, кога ненадејно му доаѓаат моторџии и му пукаат во глава

Педро Луис Тоала Резабала (33 г.) е убиен во вторникот во Еквадор. Надзорна камера ги снимила и неговите последни моменти откако бил брутално застрелан на улица.

Вознемирувачкото видео го прикажува Педро Луис Тоала Резабала со пријателка пред нејзината куќа во Портовиехо. Околу 21 часот и 45 минути, двајца мажи на мотор ненадејно им приоѓаат и почнале да пукаат во негова насока, а тој момент можете да го погледнете ОВДЕ.

Неколку секунди подоцна, трет маж му приоѓа одзади и му пука во главата. Девојката успеала да побегне неповредена.

Според локалните медиуми, Педро Луис Тоала Резабала имал криминално досие за грабеж, трговија со дрога, насилничко однесување, недозволено поседување оружје…

Локалните медиуми јавуваат дека Педро Луис Тоала Резабала преживеал обид за атентат пред неколку години, поради што останал инвалид.

Не се знае дали има уапсени за убиството.

Еквадор има 11-та највисока стапка на криминал во светот. Стапката на убиства е зголемена од 2016 година за речиси 500 проценти на околу 22 убиства на 100.000 луѓе во 2022 година.