ВИДЕО | СНИМКА КОЈА ГИ “ЗАПАЛИ“ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ – Погледнете ја урнебесната реакција на Јирген Клоп по новиот дебакл на Манчестер Јунајтед

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, имаше исклучително интересна реакција на убедливиот пораз од Манчестер Јунајтед во Лига Купот.

Манчестер Јунајтед во средата доживеа нов срам на својот стадион. „Црвените ѓаволи“ беа декласирани од Њукасл со 3:0 во осминафиналето на Лига Купот.

По болниот дебакл на домашен терен во градското дерби против Манчестер Сити (0:3), следуваше нова катастрофа за славниот клуб на „Олд Трафорд“.

Од друга страна, Ливерпул се пласираше во четвртфиналето на Лига Купот, откако на гостински терен го совлада Борнмаут со 2:1.

На тренерот на „Црвените“, Јирген Клоп, на прес-конференцијата новинарите му го кажаа резултатот од Манчестер Јунајтед – Њукасл, а неговата реакција беше хит на социјалните мрежи.

Погледнете ја реакцијата на Јирген Клоп ОВДЕ.