Во Белград се запалил автомобил на трамвајските шини (ВИДЕО)

На улицата Пожешка на Баново брдо вечерва се случил голем инцидент. Имено, еден автомобил се запалил на трамвајските шини.

Како што може да се види на видеото објавено на Инстаграм профилот „moj_beo_grad“, целата улица е полна со чад, а пожар доаѓа од автомобил Мерцедес кој успеал да застане на автобуската постојка.