ВИДЕО | Снимка од Родос која го покажува ужасот кој владее на грчкиот остров: Мртви тела лежат покрај патот, а преживеаните бараат храна по дворовите на напуштените куќи – вознемирувачко

На социјалните мрежи се појави видео од Грција на кое се гледаат трупови на елени убиени во големите пожари на островот Родос како лежат покрај патот, а се околу нив изгорело.

срна, елен, Родос
Родос, Грција

Грчките медиуми наведуваат дека овие гладни и исплашени животни, кои се најголемите диви цицачи на тој остров, биле забележани во дворовите на куќите по евакуацијата на населението од огнената стихија, во потрага по засолниште, вода и храна.

Елените стигнале и до некои хотели кои исто така се празни бидејќи нивните гости се меѓу околу 30.000 луѓе кои досега се евакуирани од Родос.

Соседните медиуми наведуваат дека еленот е симбол на Родос и се верува дека на островот го донеле витезите на Свети Јован, познати и како витезите на Малта.

Според друго верување, елените биле населени на Родос од Италијанците за да ги користат како дивеч за лов, но има и докази дека овие животни шетале на островот во времето на неолитот.