ВИДЕО | Сопругата на Александар Вучиќ се пофали дека печела пита, а Србите шокирани од цената на нејзината рерна: “Тоа чини колку две претседателски плати!“
Првата дама на Србија, Тамара Вучиќ, стана главна тема на социјалните мрежи во соседната држава на малку бизарен начин. Имено, таа неодамна на социјалната мрежа Инстаграм се пофали со тоа како ‘ужива’ дома, односно дека задоволството, како што вели, е во ситниците.
„И ние навистина сакаме пити“, кажала таа во видеото на кое се гледа како става пита во рерна да се пече и подготвува јадење за семејството.
Но, наместо завидните кулинарски способности, вниманието на социјалните мрежи го привлече нејзината рерна.
Социјалната мрежа Твитер се ‘запали’, па набрзо се дозна и цената на рерната на првата дама на Србија. Секако, цената не е мала, но, како што пренесуваат соседните медиуми истата изнесува 222.990 српски динари или околу 1.900 евра.
Корисниците на социјалната мрежа Твитер веднаш почнаа да натрупуваат хумористични коментари дека таквата рерна мора сама да работи низ куќата и да исполнува желби, кога веќе чини толку многу пари.