Видео | Сопругата на Ѓоковиќ вечерва во Скопје ќе ја промовира “Фондацијата Новак”

Македонската јавност вечерва ќе има уникатна можност да се запознае со работата со „Фондацијата Новак“ и тоа од неговата сопруга Јелена, која во скопскиот Сити Мол ќе ја промовира хуманоста и помошта кои ја споделуваат заедно со најдобриот светски тенисер на сите времиња.

Гостувањето во македонската престолнина е дел од „Караванот на љубовта и среќата“, со кој изминатиов период ја обиколија речиси цела Србија, а сега се селат и во нашата држава, каде што ќе може да се слушнат плановите на фондацијата, но секако и на можеби најдобриот спортист воопшто на денешницата.

Новак во повеќе наврати во минатото потенцирал дека има голема желба да ја посети Македонија, па прво јавно најави посета на Охрид, а нешто подоцна изрази желба да одигра меч против нашиот најдобар тенисер, Калин Ивановски во Скопје.