ВИДЕО | Софија Вергара заигра со колковите и ги ‘запали’ обожавателите на Инстаграм: Убавата актерка во друштво на нејзините внуки предизвика лавина од коментари

Убавата Софија Вергара на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм објави видео во кое покажа како се забавува со внуките, а видеото од нивното танцување им се допадна на речиси половина милион луѓе.

Актерката била во друштво со семејството по повод „Денот на благодарноста“, а во еден момент танцувала со внуките Клаудија и Вероника, предизвикувајќи бројни коментари кај обожавателите. Видео-снимката можете да ја погледнете ОВДЕ.

Инаку, 31-годишната Клаудија неодоливо потсетува на Софија Вергара со која е во многу блиска врска. Клаудија е ќерка на нејзиниот постар брат Рафаел, кој беше убиен пред 20 години, а поради сличноста со актерката стекна голема популарност на социјалните мрежи.