Парис Хилтон го очекува своето второ дете, го откри името и полот на бебето

Американската богата наследничка Парис Хилтон го прослави Денот на благодарноста со своите најблиски пријатели и специјалниот ден го искористи да открие дека таа и нејзиниот сопруг Картер Реум го очекуваат своето второ дете.

Таа го сподели и името што ќе и го дадат – Лондон. Парис и Картер го добија своето прво дете, синот Феникс, во февруари оваа година преку сурогат мајка. Претходно Хилтон изјави дека сакаат да имаат девојче и дека таа одамна се одлучила за името.

„Девојката ќе се вика Лондон Мерилин Хилтон Реум. Мерилин е по баба ми и Лондон затоа што ми е омилен град, мислам дека Париз и Лондон ќе звучат слатко заедно“, рече таа во шоуто на Елен Деџенерис.

Двојката се венча во ноември 2021 година, а меѓу присутните на венчавката беа членови на семејството и бројни познати личности, меѓу кои: Ким Кардашијан, Пола Абдул, Кајл Ричардс и други. Тие беа пријатели 15 години пред да започнат врска во 2019 година, а само три месеци подоцна се верија.