(ВИДЕО) СО ВОЗИЛО ВЛЕГЛЕ ВО ЗЛАТАРНИЦА – Погледнете го видеото од грабеж на накит вреден 300.000 фунти

Објавена е снимка од кражба на накит вреден 300.000 фунти среде бел ден во Бирмингем, Англија, а се работи за видео од безбедносните камери.

Во март минатата година, вооружени разбојници со возило за сервис за одржување на автопат влетаа во Danyal Jewelers. Во таа прилика за малку ќе се повредил вработен во златарницата, избегнал сериозни повреди.

Тогаш три маскирани лица со чекан ги искршиле стаклата и го зеле накитот. Во меѓувреме, едниот маж бил во возилото, додека другиот со секира во раката спречил некој од минувачите да се приближи до златарот.

Кражбата траела 70 секунди и потоа побегнале со возило, теренец „тојота хилукс“ на споменатиот сервис. Тие со тоа возило побегнале 800 метри, а потоа со автомобил „ауди“ го продолжиле бегството. Тие украле пет килограми златен накит од 22 карати во вредност од 300.000 фунти.

Помалку од два часа подоцна, лидерот на бандата Џон Гурлеј (49) бил виден како ја продава нараквицата за 1.500 фунти (3.330 км), а полицијата успеала да го идентификува. Покрај него, идентификувани се и разбојниците Тревор Лик (44), Џастин Бојлан (51), Арфан Латиф (38) и Хасан Зулфикар (26). Тие ќе бидат осудени следниот месец.

Полицијата соопшти дека очигледно станува збор за опширно планиран грабеж, пренесува Sky News.