ВИДЕО | СПАСУВАЧИТЕ ОД ЈАПОНИЈА ПО ПЕТ ДЕНА ИЗВЛЕКЛЕ БАБА (90) ОД УРНАТИНИТЕ: Кога ги видела, направила ЕДНА РАБОТА

Пет дена по разорниот земјотрес, жена на возраст од 90-ти е спасена денеска од урната куќа во малото гратче Сузу во префектурата Ишикава, на западниот брег на Јапонија , соопшти јапонската полиција.

Таа била извлечена од урнатините на двокатницата околу 20 часот и 20 минути по локално време, била комуникативна и одговарала на прашањата на спасувачите, јавува агенцијата Кјодо.

Јапонија, земјотрес

Спасената повозрасна жена е префрлена на лекување во Општата болница Сузу и се опоравува, соопштија од медицинската установа.

Сузу е еден од крајбрежните градови најтешко погодени од земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала што го погоди полуостровот Ното во централна Јапонија на Нова година.

Полицијата продолжува со спасувачките напори и покрај дождливото време, наведува јапонската агенција.