ВИДЕО Срамна сцена во Словенија: Таксистот го извлекол исцрпениот патник од возилото и го оставил покрај патот

Во Словенија дошло до бизарен инцидент во кој таксист извлекол маж од возилото и го оставил покрај патот. Не е јасно што се случило со изнемоштениот маж, дали бил под дејство на алкохол или ослабен од болест. Истражувањето е во тек.

Таксистот во Марибор го извлекол инвалидизираниот патник од возилото, го оставил покрај патот и мирно продолжил по патот.

Видеото се прошири на интернет, а полицијата набрзо пристигнала на местото и го однела мажот дома. Прибирањето информации е во тек, но според словенечките медиуми се чини дека не се работи за прекршочно или кривично дело, иако снимката предизвика бројни реакции.

„Без разлика на причината, никој не заслужува да биде третиран на ваков начин“, велат од здружението Хуманитарчек. Посебно го истакнаа односот кон постарите, чија збунетост не е нужно резултат на пијанство .

„Може да бидат разни други состојби и болести, хипертензија до хипогликемија или хипергликемија, деменција, каква било патологија на мозокот се прашуваат во здружението.

Од полицијата потврдија дека добиле пријава и дека „пристигнувајќи на местото на настанот забележале маж на земја пред влезот на паркингот и го спровеле до станот на неговата адреса во близина“, објаснуваат од полициската управа Марибор. „Со сите прибрани пријави, полициските службеници се уште немаат утврдено карактеристики на прекршок или кривично дело, но се уште прибираат пријави поврзани со настанот“, пишува 24ур .

Беше побарано објаснување од такси-службата, но одговорот се уште се чека.