ВИДЕО | СРБИТЕ ПОВТОРНО НА УЛИЦА! Нов голем протест во Белград: Градот блокиран – студентите дел од протестот, а демонстрантите го пуштија Александар Вучиќ ‘во воздух’!

Протестот „Србија против насилството“, петти по ред по двете трагедии во едно белградско основно училиште и две села кај Младеновац, започна попладнево во Белград, а намерата на демонстрантите е да маршираат од Собранието на Србија дообласта каде што е седиштето на претседателот на Републиката.

На социјалните мрежи полека се појавуваат фотографии и видеа кои покажуваат дека и на овој протест пристигнале десетици илјади граѓани.

Протестите беа поттикнати од двете масовни престрелки на почетокот на мај, кога беа убиени 18 млади луѓе, кои демонстрантите ги гледаат како жртви на толеранција на насилството на јавниот простор и медиумите под контрола на власта, а денес се одбележува точно еден месец по убиството во основното училиште „Владислав Рибникар“.

На претходните четири протести, одржани на покана на проевропската опозиција, десетици илјади демонстранти го блокираа центарот на градот, двапати главната сообраќајница на автопатот низ главниот град, а минатата сабота во поворката, беше блокирана зградата на Радио-телевизија на Србија, чие известување демонстрантите не го гледаат како информација од јавен интерес, туку како некритична услуга на актуелната власт.

Денешниот протест се очекува да биде уште помасовен поради острите реакции во јавноста откако претставници на владејачката Српска напредна партија во српскиот парламент ги нарекоа „ѓубриња“ актерите кои ги поддржаа демонстрантите и нивните барања.

Оваа недела актерите објавија проглас во кој оценките на претставниците на СНС ги нарекуваат насилство.

Организаторите на протестот предупредија дека на денешниот митинг може да се вклучат провокатори од десничарските групи под контрола на властите за да се делегитимираат барањата на демонстрантите.

Група студенти веќе тргнаа од плоштадот „Република“ кон Собранието на Србија, каде ќе се приклучат на протестот „Србија против насилството“.

Како што јавува телевизијата N1, толпата пуштила во воздух плакат со ликот на претседателот Александар Вучиќ.