ВИДЕО | Страшен земјотрес ги погоди Хаваи

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала ги погоди Хаваи .

Епицентарот бил во близина на градот Налеху.

Во меѓувреме на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како момче и маж бегаат од собата, откако се почнало да се тресе.

Телеграф не можеше самостојно да ја потврди автентичноста на снимката.

Засега не се знае дали има жртви или материјална штета.