(ВИДЕО) Страшен земјотрес ја погоди Кина! Урнати 126 објекти, голем број повредени!

Провинцијата Шандонг на истокот на Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала, во кој 21 лице е повредено, а 126 згради се урнати, јави државната телевизија CTV.

Земјотресот , кој беше на длабочина од 10 километри, го потресе округот Пингјуан, во градот Дежоу рано наутро во саботата, според кинескиот центар за земјотреси, објави Ројтерс.

Железничката компанија China Railway Group суспендираше некои линии поради земјотресот, вклучително и сообраќајот на линиите Пекинг-Шангај и Пекинг-Коулун.